Ханс Флик, тренерот на Барселона, потврди дека сака да ја продолжи соработката со каталонскиот гигант.
Според информациите на познатиот инсајдер за трансфери Фабрицио Романо, германскиот стручњак ги прифатил условите на новиот договор што би го задржал на клупата на Барселона до 2028 година, со опција за продолжување за уште една сезона.
Романо претходно објави дека менаџерот на Флик, Пини Захави, пристигнал во Барселона за да ги финализира преговорите со клубот, а сега договорот е практично постигнат.
Од неговото доаѓање во мај 2024 година, кога го наследи Чави Ернандез, Флик целосно го прероди тимот. Веќе во првата сезона ја освои домашната тројна круна, а сега е на чекор од нова титула во Ла Лига.
На Барселона ѝ треба само бод против Реал Мадрид во неделното „Ел Класико“ за математички да обезбеди нова шампионска титула.
Каталонците веќе го победија својот најголем ривал во финалето на Суперкупот оваа година, кога головите на Роберт Левандовски и Рафиња донесоа спектакуларна победа од 3:2.
