Арсенал победи кај Вест Хем со 1:0, се доближи дополнително до шампионската титула, но по натпреварот во Англија најмногу се коментира одлуката од 95-та минута кога беше поништен голот на Калум Вилсон за 1:1.
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, кој секогаш зборува без „влакна на јазикот“, рече дека одлуката на судиката Крис Кавана е „целосен срам и апсолутен циркус“, тврдејќи дека критериумите во Премиер лигата се менуваат во зависност од тоа кому како му одговара.
Тој особено истакна дека во текот на целата сезона, Арсенал користи агресивна игра врз голманите за време на прекините, со туркање и блокирање, што, како што вели, не било казнувано претходно.
„Да ви кажам нешто – таа одлука за ВАР е целосен срам, апсолутна шега! Цела сезона, Арсенал го опкружува голманот при прекини, има туркања, згмечувања, блокади – ова е нивната главна тактика од првиот ден. Јасно го видовме тоа против нас на „Олд Трафорд“ кога Салиба влезе во голманот Бајиндир, го спречи да направи нормална интервенција и тие постигнаа гол преку Калафиори. Ништо не се случи. Ниту една реакција. Сега, во голем натпревар што може да ја одлучи титулата против Вест Хем, кога тоа не им одговара… одеднаш е фаул врз Раја?
Што воопшто гледаме во оваа лига? Срамно е, срамно. Со ова темпо, само веднаш дајте им ја титулата и трофејот, бидејќи е очигледно што се обидуваат да направат. Целосен, апсолутен срам“, рече Кин.
This is the goal Arsenal scored against Manchester United on the first game of the season and VAR allowed it 🤯 pic.twitter.com/DX9ddORQHo
— Lea (@Lea_EFC) May 10, 2026
Yeah, just ignore the actual fouls.. pic.twitter.com/hZyGTQ4FXH
— Sam (@Sam6WHU) May 10, 2026
Поранешниот голман на Манчестер Сити, Џо Харт, го дели неговото мислење.
Харт тврди дека одлуката да се поништи гол поради наводен прекршок врз голманот е „премногу блага“ и дека ваквите ситуации во современиот фудбал сè повеќе се толкуваат во корист на големите клубови.
„Искрено, не ме интересира што зборуваат сите – тој гол требаше да важи. ВАР апсолутно ги уништи ваквите моменти. Вест Хем израмни, а потоа од никаде најдоа причина да го поништа голот поради најмалиот можен контакт што некогаш ќе го видите“, рече Харт.
