Почитуваниот новинар на „АС“, и хроничар на Реал Мадрид, Томас Ронсеро, во емотивен настап ги анализираше причините за уште една сезона без трофеј за „кралскиот клуб“.
Вечерашниот пораз од Барселона на „Камп Ноу“, ја потврди неуспешната сезона, а Ронсеро не поштеди никого во својата анализа – од раководството и тренерот до најголемата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе. Поразот од 2:0, како што рече, не е катастрофа, но ги разоткрил сите слабости на тимот.
„Ние Мадридистите речиси се помиривме со тоа. Барем поразот од 2:0 не беше поплава, но јасно ги покажа сите наши недостатоци“, рече Ронсеро, нагласувајќи дека ова е реалноста на клубот.
Според него, проблемите не се неодамнешни. Ронсеро тврди дека Реал Мадрид се дивижи по надолна линија откако ја освои 15-тата титула во Лигата на шампионите пред две години.
„Оттогаш, клубот се урива, и тоа гласно. Крос си замина, што беше негова одлука, но Модриќ не си замина по своја волја минатата година. Му беше кажано да си замине, му рекоа да си замине!“ откри новинарот, алудирајќи на фактот дека клубот не сакал да му понуди нов договор на капитенот и покрај фактот дека тој сè уште може да придонесе.
„Не е исто со Модриќ. Да влезеше барем половина час, ќе донесеше малку фудбал, бидејќи сè уште може многу да понуди. Но, му рекоа не. Тимот игра без никаков авторитет“, рече Ронсеро.
Тој особено ги критикуваше одлуките на тренерот Алваро Арбелоа. Тој смета дека инсистирањето на Едуардо Камавинга, кој го направии фаулот за првиот гол, било погрешно додека младите играчи од академијата седат на клупата.
Повик за целосна револуција
Ронсеро ги пофали напорите на поединци како Винисиус, Брахим Дијаз, Тибо Куртоа и Антонио Ридигер, но заклучи дека тоа не е доволно.
„На Реал му недостасува фудбал. Реал го нема моќниот тим што го имаше пред две или четири години со Анчелоти, кога ја освоивме Лигата на шампионите со играчишта на теренот. Се распаднавме, направивме лоши купувања. Тоа треба да се каже гласно и јасно“, рече тој.
Решението го гледа во целосно „ресетирање“ на клубот и радикални потези, слични на оние што ги направи Флорентино Перез во 2009 година.
„Управата со Флорентино на чело мора да седне, да собира и да почне да троши пари. Тие треба да купуваат, купуваат и купуваат. Нека донесат седум играчи и да создадат нов тим. Се сеќавам кога Флорентино дојде во 2009 година и ги донесе Кристијано, Чаби Алонсо, Кака, Бензема…За една година го направи она што требаше да го направи за три.
Тоа е она што го барам од него дури и сега. И нека се договори со тренерот, без разлика дали ќе биде Мурињо или некој друг, не ми е важно, сè додека донесува драстични одлуки“, заклучи Ринсеро.
Мбапе си поигрува со клубот
Тој упати најостри критики кон Килијан Мбапе. Французинот не патуваше со тимот поради наводни мали проблеми, а за време на натпреварот објави порака „Хала Мадрид“ на социјалните мрежи, што Ронсеро го сфати како провокација.
„Ѕвездата на тимот не патуваше, иако не можеше да игра. Ако имате проблеми, се качувате во авионот и ги бодрите соиграчите од клупата. А тој го гледа натпреварот дома, а потоа објавува „Хала Мадрид“ на 2-0? Почнувам да мислам дека се шегува со нас“, рече Ронсеро.
„Верувам дека Килијан ни прави трикови и тоа ме лути. Ме восхитува како играч, но она што го прави во последно време ме тера да мислам дека си поигрува со Реал Мадрид. Што мислиш „Хала Мадрид“ на 2-0? Човече, требаше да бидеш таму и да ги поддржуваш соиграчите, да бидеш лидер. Но, нема никаков знак или глас од лидерот.“
Конечно, тој повлече болна паралела.
„Барселона ни ја одзеде лигата втора година по ред, што се совпадна со доаѓањето на Мбапе. Нема да кажам дека Реал губи поради него, но нешто се случи. Без Мбапе, Реал беше шампион на Европа и Шпанија. Со него, не можеме да ја освоиме ниту лигата, ниту Лигата на шампионите, ниту купот. Апсолутно ништо! Но да, тој постигнува многу голови.“
