Сезоната е завршена за дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт, потврди клубот.
Бен Вајт се повреди на натпреварот против Вест Хем, а Микел Артета беше принуден да го замени во 28-та минута.
„По натпреварот во недела со Вест Хем, деталните прегледи потврдија дека Бен Вајт претрпел значителна повреда на медијалните лигаменти на коленото. За него, сезоната е завршена. Нашиот медицински тим ја води програмата за закрепнување и рехабилитација на Бен, сите сме фокусирани на негова поддршка и правиме сè што е можно за да бидеме подготвени за почетокот на подготовките за следната сезона“, соопшти Арсенал.
Вајт нема да ќе ги пропушти последните два натпревари од сезоната во Премиер лигата, во кои ќе се одлучува за титулата, а нема да биде дел од тимот и за финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
Што се однесува до Арсенал, ова е голем удар бидејќи Јуриен Тимбер исто така е надвор од игра.
Со оглед на делот од соопштението во кој се наведува дека клубот се надева дека тој ќе биде подготвен за почетокот на подготовките, сега е прашање дали тој ќе може да се стави на располагање на репрезентацијата на Англија доколку биде дел од плановите на тренерот Томас Тухел.
Вајт беше повикан за натпреварите против Уругвај и Јапонија, беше и стартер и стрелец во двата натпревари, а повикот го доби пред Трент Александар-Арнолд и во тој момент повредениот Рис Џејмс. Вкупно, одигра шест натпревари за репрезентацијата на Англија.
Foto/ Depositphotos
