Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Фенербахче со десет милиони евра за низа манипулации и неправилности во финансиското работење.
Комисијата на УЕФА, која се занимава со спроведување на правилата за финансиска одржливост и го контролира балансот помеѓу приходите и расходите на клубовите на ниво на контрола на платите, трансферите и надоместоците на менаџдерите, нотирала бројни неправилности во работата на Фенербахче.
Сомнителни детали биле забележани во договорите на Жозе Мурињо, Керем Аџтуркоглу, Милан Шкрињар и Диего Карлос, а особено биле испитани договорите на Мурињо и Актуркоглу.
Ревизијата покажала дека клубот се обидува да направи измама во извештајот за трансферот и платата на турскиот репрезентативец кој пристигна од Бенфика минатото лето.
Актуркоглу вп Фенербахче се пресели за сума од 22,5 милиони евра. На годишно ниво заработува 5,2 милиони евра, овие бројки не биле прикажани во извештаите на клубот.
Фенербахче се послужи со измама за да го доведе. На средина од сезоната се покажа дека договорот што клубот го испратил до Фудбалската асоцијација на Турција бил чиста манипулација. Во тој договор пишува дека Актуркоглу игра за Фенербахче за плата од 1.907 лири месечно (35 евра), што е законскиот минимум во турскиот фудбал.
Прво, истражувачките медиуми во Турција почнаа да се занимаваат со оваа тема, а потоа реагираше и УЕФА.
Била извршена инспекција, побарана дополнителна документација и официјални записи за неговите плати. За време на постапката, на Фенербахче му била дадена можност да презентира одбрана, што од клубот и го направила, но тие не убедиле никого дека правилата за ограничувања на трошењето на платите на играчите не се прекршени. Како дел од одбраната што ја презентираше Фенербахче, бизнисменот Хакан Сафи изјави дека тој бил спонзор за доведување на играчите:
„Ќе ги покријам трошоците за маркетиншките права за имиџот и работата на Керем Актуркоглу, како и менаџерските провизии, за кои ќе платам вкупно 35 милиони евра во следните четири години. Нека тоа биде мојот подарок за Фенербахче“, изјави тој.
Сафи е еден од најбогатите луѓе во Турција и е поранешен член на Управниот одбор на клубот.
Документацијата покажа дека клубот го регистрирал Актуркоглу за годишна плата од 420 евра, а дека вистинската сума била „протната“ низ документите како „маркетиншки права на имиџот и делото“ платени на Сафа, за што се плаќа помалку данок.
Според правилата, за плата од 5,2 милиони евра, Фенербахче би требало да издвои седум милиони покрај даноците, но документацијата тоа никаде не го покажува.
Парите за кои Фенербахче всушност ја оштети дрѓавата сега ќе се слеат во касата на УЕФА во форма на казна.
Foto/ depositphotos
