Договорено е враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, објавува најпознатиот инсајдер во светот, Фабрицио Романо.
„Сите услови се усно договорени меѓу Жозе Мурињо и Реал Мадрид, останува уште само да бидат поптишани документите. Планиран е почетен двегодишен договор, а Мурињо ќе отпатува во Мадрид по натпреварот Реал-Билбао. Специјалниот се враќа“, вели Романо.
Две недели се шпекулираше дека португалскиот стручњак е единствениот преостанат кандидат за клупата на „Кралскиот клуб“, а сега е потврдено дека тој ќе го наследи Алваро Арбелоа.
Мурињо ќе стане четвртиот тренер на првиот тим на Реал за само една година, по Карло Анчелоти, Чаби Алонсо и привременото решение Арбелоа.
Изборот на Мурињо се појавува како единствена логична опција. До неодамна, имиња како Маурисио Покетино и Дидие Дешан беа исто така во игра, но Португалецот секогаш беше во водство.
🚨 BREAKING: José Mourinho back to Real Madrid, HERE WE GO! 💣🤍
All terms have been verbally agreed between José Mourinho and Real Madrid, waiting to sign all documents.
Plan for initial two year deal, JM to travel to Madrid after Real-Bilbao game.
The Special One is back. pic.twitter.com/K267WgiqjC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 18, 2026
Неодамнешните настани во клубот, од расправијата и физичката пресметка меѓу Орелијан Чуамени и Федерико Валверде до испадот на Килијан Мбапе кон тренерот Арбелоа по натпреварот против Овиедо во четврток, само го зајакнаа ставот на клупските челници дека е потребен тренер од калибарот на Мурињо.
Тој се смета за единствената личност способна да воведе ред во соблекувалната, која, според медиумите, се претвори во „буре барут“.
Неодамна започнатиот изборен процес, инициран од претседателот Флорентино Перез по неговата прес-конференција минатиот вторник, нема да го спречи доаѓањето на Португалецот. Перез индиректно го поддржа враќањето на Мурињо во интервју за „Ла Секста“.
„Тој веќе беше тука и го подигна нашето натпреварувачко ниво“, рече претседателот кога беше прашан за Португалецот, единствениот тренер што го спомена во разговорот.
Перез, како и другите во клубот, верува дека првиот мандат на Мурињо од 2010 до 2013 година бил клучен за последователните успеси, вклучително и освојувањето на четири титули во Лигата на шампионите за пет години помеѓу 2014 и 2018 година.
Foto/ Depositphotos
