Top Sport

Гвардиола: Имам уште една година од договорот

Манчестер Сити му ја предаде шампионската титула на Арсенал, со ремито кај Борнмут. Тренерот на тимот од „Етихад“, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата, најмногу зборуваше за веста дека го напушта тимот на крајот од сезоната.

Дефинитивно, во предиграта на судирот помеѓу Борнмут и Манчестер Сити, најавата на англиските медиуми дека Пеп Гвардиола го напушта тимот со кој освои 20 трофеи беше пожешка тема од фактот дека во тој натпревар Арсенал можеше да се промовира во шампион за прв пат по 22 години.

„Можам само да кажам дека имам уште една година од договорот, а од мое искуство, кога нешто такво се најавува во текот на сезоната, тоа носи лош резултат. И би сакал да разберете, првата личност со која ќе разговарам е мојот претседател, бидејќи решивме да седнеме и да разговараме откако ќе заврши сезоната. Едноставно е и само тогаш ќе имаме одлука. Секако нема сега да ви ја кажам мојата одлука, пред да разговарам со претседателот, играчите, персоналот“, рече Гвардиола.

Секако, тој ја искористи можноста да му честита на својот поранешен асистент за освојувањето на титулата.

„Во име на Манчестер Сити, им честитам на Арсенал и на Микел Артета и на сите други за освојувањето на Премиер лигата. Тие го заслужија тоа. Вложија многу труд и работа и им честитам.“

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');