Финалистите во Западната конференција во минатата сезона, Хјустон Рокитс, продолжија со лошите изданија од почетокот на новата сезона. Хјустон има само една победа во првите шест натпревари, а четвртиот пораз во низа го доживеаја измината ноќ од Портланд 104:85.
Хјустон, без повредениот Џејмс Харден, немаше шанси во натпреварот против Портланд. Гостите, во третиот период, стекнаа предност од 28 поени, со што и го решија прашањето на победникот.
Портланд до победата го предводеа Демијан Лилард и Јусув Нуркиќ со по 22 поени. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина имаше и десет скока.
Во отсуство на Харден, Крис Пол беше најефикасен кај Хјустон со 17 поени, а Клинт Капела оствари 14 поени и исто толку скокови.
Бостон Селтикс против Детроит Пистон славеа 108:105 и го забележаа третиот триумв во низа, петти во седмиот меч сезонава. Блескаше Кајри Ирвинг со 31 поени и по пет скока и асистенции. На спротивната страна Блејк Грифин уфрли 24 поени, имаше и 15 скока.
Торонто Репторс ги декласираа колегите од Филалдлефија 129:112. Торонто е на седум победи и еден пораз, додека Филалделфија на четири победи и исто толку порази.
Каваи Ленард постигна 31 поен, а Литванецот Јонас Валанчунас реализира 23 поени. Филадлефија ја предводеше Џоел Ембид со 31 поени и 11 скока.
Резултати:
Шарлот Хорнетс-Мајами Хит 125:113
Кливленд Кавалирс-Атланта Хокс 136:114
Орландо Меџик-Сакраменто Кингс 99:107
Мемфис Гризлис-Вашингтон Визардс 107:95
Оклахома Тандер-ЛА Клиперс 120:110