Мортен Хјулманд (26), капитен на Спортинг од Лисабон и стандарден репрезентативец на Данска, е првата желба на Жозе Мурињо во летниот преоден рок во Реал.
Ова го објави радио станицата Копе со напомена дека Спортинг ќе го продаде Хјулманд за околу 50 милиони евра, иако неговата клаузула за отштета е 80 милиони евра.
Данецорт во Спортинг пристигна пред три години, од Лече за 19 милиони евра. Оттогаш, го предводеше Спортинг до две шампионски титули во Португалија и еден Куп.
Постигна 10 гола и 12 асистенции во 140 натпревари за клубот.
Мурињо го запозна одблизу оваа сезона бидејќи е тренер на Бенфика, најголемиот ривал на Спортинг.
Копе додава дека Мурињо инсистира еден од неговите помошници да биде неименуван поранешен играч на Реал.
Ве потсетуваме дека за време на неговиот прв престој во Реал, од 2010 до 2013 година, помошник му беше Аитор Каранка. Истиот извор додава дека веројатно тој поранешен фудбалер е Тони Крос.
Foto/ Depositphotos
