Сезоната во Лига Европа заврши со доминација на Астон Вила. Астон Вила во финалето во Истанбул го победи Фрајбург (3:0), во натпревар што, меѓу другите, го одбележа Морган Роџерс со гол и асистенција.
Офанзивниот играч од средниот ред на тимот од Бирмингем беше прогласен за најдобар играч на сезоната во Лига Европа од страна на УЕФА.
Во 15 натпревари оваа сезона, Роџерс постигна три гола и забележа пет асистенции. На последните четири натпревари, Роџерс постигна два гола и забележа три асистенции.
Импресивните игри во најважните натпревари од сезоната му ја донесоа престижна награда. Покрај тоа, тој помина 1.088 минути на теренот, 67 повеќе од кој било играч на Вила.
Идеалниот тим на сезоната во Лига Европа, покрај Роџерс, вклучува уште тројца фудбалери на Вила: голманот Емилијано Мартинез и фудбалерите од редот за врска, Џон Мекгин и Емилијано Буендија.
Заедно со нив во најдобриот тим се и Игор Жесус и Морато од Нотингем Форест, Матијас Гинтер и Максимилијан Егештајн од Фрајбург, Ентони од Бетис, Виктор Гомез од Брага и Оскар Мингеза од Селта.
Голот на сезоната во Лига Европа, како што е избран од УЕФА, е спектакуларниот волеј на Џонс Ел-Абделауи од Селта на натпреварот против Лудогорец.
Foto/ Depositphotos
