Олександр Усик едвај ги одбрани титулите во тешка категорија откако забележа исклучително контроверзна победа, со прекин во 11-та рунда, против дебитантот Рик Верховен во Египет.
Поранешниот кикбоксер од Холандија, за кого ова беше втора професионална боксерска борба, беше поагресивен во поголемиот дел од мечот и пружи изненадувачки силен отпор, а во моментот на паузата водеше според бодовите кај еден судија, додека кај другите двајца судии борбата беше изедначена.
Во неочекувано напнат дуел, украинскиот боксер го зголеми темпото во финишот и го испрати Холанѓанецот на подот со моќен лев аперкат.
Верховен стана пред да заврши броењето, но судијата одлучи да ја прекине борбата по серијата удари на Усик во последните секунди од рундата. Многумина веруваат дека оваа одлука била премногу строга кон предизвикувачот.
ABSOLUTE CHAOS 😱 USYK STOPS RICO!!!#UsykRico pic.twitter.com/3OHnaXPUv5
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) May 24, 2026
Базликата во моментот на прекинот гласеше 95-95, 95-95 и 96-94 во корист на Верховен.
„Ова беше тешка борба. Добра борба“, рече Усик кратко по натпреварот. Од друга страна, Верховен рече дека судијата избрзал со одлуката да го прекине мечот и побара реванш, додавајќи дека одлуката е на Усик.
„Сакав судијата да ме остави да се борам до крај или барем да ја влезам во 12-та рунда. Чувствував дека бевме прилично изедначени“, рече Верховен.
Инаку борбата меѓу светскиот првак и легендата на кикс боксот, се одржа во Египет, цо специјално изградена арена, блиску до пирамидите во Гиза.
Foto: Profimedia
