Оклахома Сити Тандер ги победија Сан Антонио Спарс со 127:114 во ноќта зад нас.
Во петтиот натпревар, актуелните шампиони го одбранија својот домашен терен, спречија брејк.
До победата ги предводеше актуелниот MВП, Шеј Гилџес-Александер со 32 поени, 2 скока и 9 асистенции.
Шеј имаше само 39% од поле, односно 7/19 од игра, од кои шутираше 5/16 за два поени, а исто така реализираше 17 слободни фрлања и беше прецизен 16 пати.
Следниот најефикасен играч беше Алекс Карузо, кој имаше 22 поени и 6 асистенции.
На спротивната страна Стефон Касл запиша 24 поени, 5 скока и 6 асистенции, Џулијан Шампени додаде 22 и имаше 8 скока, Виктор Вембањама забележа 20 и 6 скока.
Во ноќта помеѓу четврток и петок, натпреварот број шест се игра во Тексас и ќе дознаеме дали го гледаме седми натпревар или финале Њујорк – Оклахома.
Foto/ EPA
