Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, рекол дека е горд на својот тим, кој успеал да влезе во победнички ритам во отсуство на повредениот Лионел Меси.
Без Аргентинецот, Барселона успеа да забележи две важни победи против тешки ривали, Интер 2:0 во Лигата на шампионите и Реал Мадрид 5:1 во Ла Лига.
„Ова беше многу тешка недела за нас, со оглед на тоа дека Меси е повреден, а распоредот беше тежок. Горд сум на тимот што и во вакви услови успеа да го најде победничкиот ритам“.
На новинарско прашање како се чувствува по победата над Реал во 177. дерби, Велверде рекол.
„Мислев дека ќе добијам супер моќи. Но сепак се чувствувам нормално. Така се чувствува и минатата недела. Можеби сега сум повеќе среќен. Нашите мисли сега се насочени кон натпреварот во купот на Кралот“.
Прв ривал на Барселона во Купот ќе и биде Културал Леонеса.