Top Sport

(Видео) Париз „гори“ се слави титулата на ПСЖ

Навивачите на Пари Сен Жермен ја слават титулата европски шампион на улиците на Париз.

Минатата сезона, кога гја освоија Лигата на шампионите, прославата се претвори во вистински хаос на улиците на главниот град.

Улиците, плоштадите и булеварите на Париз беа претворени во воена зона, од едната страна полициски одреди, „вооружени до заби“, од другата толпа опиена од прослава (и којзнае што друго) избувна и предизвика сериозни немири на неколку точки во градот.

Поучени од тоа искуство, се чини дека овој пат има уште повеќе полиција, за да се спречат посериозни инциденти.

Постојано се слушаат топовски истрели и огномет, а прославата се одржа и на стадионот „Паркот на принцовите“.

Париз сè уште „гори“, славејќи ја втората последователна титула во ЛШ.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');