Top Sport

Рафа Леао го напушта Милан

Португалскиот репрезентативец Рафаел Леао потврди дека има намера да го напушти Милан и Серија А, по претстојното Светско првенство, нагласувајќи дека сака нов предизвик.

26-годишниот напаѓач за португалските медиуми изјави дека верува дека дал сè од себе за време на седумгодишниот престој во италијанскиот гигант.

„Лично, дадов сè за Милан. Тоа е клуб кој многу ми помогна да напредувам и ме поддржуваше во тешки моменти. Среќен сум што успеав да оставам трага во историјата на клубот. Секој има амбиции, а јас сонувам за нов предизвик во нова лига. Ако тоа се случи, ќе бидам многу среќен бидејќи ја завршив својата работа во Милан како што треба“, рече Леао.

Тој нагласи дека негов приоритет во моментов е настапот за португалската репрезентација на Светското првенство во 2026 година.

Леао пристигна во Милан во 2019 година од француски Лил во трансфер вреден 35.000.000 евра. За време на неговиот престој на „Сан Сиро“, тој израсна во еден од најдобрите крилни напаѓачи во европскиот фудбал.

Беше еден од клучните играчи во освојувањето на титулата во италијанското првенство во сезоната 2021/22, кога беше прогласен и за најдобар играч во Серија А. Одигра повеќе од 200 натпревари за Милан, постигна повеќе од 50 гола и забележа повеќе од 40 асистенции.

Со клубот од Милано, тој стигна и до полуфиналето на Лигата на шампионите во 2023 година.

Во сезоната 2025/26, Леао постигна 10 гола и забележа три асистенции во 31 натпревар во сите натпреварувања. Скромен учинок за фудбалер со такво реноме.

Според него, за следниот чекор во кариерата ќе одлучи по Светското првенство, а меѓу потенцијалните дестинации се споменуваат водечките европски лиги, како и Саудиска Арабија.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');