Рик Аделман, член на Кошаркарската куќа на славните и еден од најуспешните тренери во историјата на НБА, почина 15 дена пред 80-от роденден.
Веста беше објавена во понеделник од Националната асоцијација на кошаркарски тренери (NBCA). Аделман, татко на тренерот на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, беше примен во Куќата на славните во 2021 година, а причината за неговата смрт сè уште не е објавена.
Пред да стане еден од најпочитуваните тренери, Аделман имаше и седумгодишна играчка кариера во НБА. Од 1969 до 1975 година, тој играше како плејмејкер за пет различни тима, но вистинската кариера ја изгради како тренер.
Како главен тренер, тој постигна 1042 победи, што го става на десеттото место на вечната листа. Само четворица тренери (Пет Рајли, Грег Попович, Џери Слоун и Џорџ Карл), воделе повеќе натпревари со подобар процент на победи.
Тренерската кариера ја започна во 1977 година, на Универзитетот Чемекета. Таму помина шест години, потоа се пресели во НБА.
Во 1983 година започна како тренер на Портланд, каде што стана главен тренер во 1989 година и ги одведе до финалето на НБА во истата сезона (го повтори истото во 1992 година) и остана до 1994 година, а потоа работеше како шеф на тренерскиот штаб на Голден Стејт две сезони.
Потоа ги презеде Сакраменто Кингс, беше тренер од 1999 до 2006 година, по што ги тренираше Хјустон Рокетс, а последните три сезони од својата тренерска кариера ги помина водејќи ги Минесота Тимбервулвс од 2011 до 2014 година.
Аделман беше трикратен тренер на Ол-стар натпреварите (1991, 2001 и 2003 година) и влезе во Куќата на славните во 2021 година.
