Top Sport

Почина Един Авдиќ

Познатиот спортски новинар и коментатор Един Авдиќ почина на 47-годишна возраст.

Един почина во својот стан, како последица на срцеви проблеми, објави Радио Сараево.

Тој беше еден од најпознатите спортски новинари, коментатори и колумнисти на Балканот, дефинитивно најпознат по своите преноси од кошаркарски натпревари и неговото детално познавање на НБА и европската кошарка.

Дипломирал новинарство на Факултетот за политички науки во Сараево, а пред кариерата како новинар, активно се занимавал со кошарка во младинските селекции на КК Босна.

Својата кариера ја започнал во Федералната телевизија, потоа работел во OBN, каде што стекна голема популарност како коментатор на НБА лигата, а потоа стана едно од заштитните лица на телевизијата Арена Спорт.

Неодамна, заедно со својот колега Милош Јовановиќ, го водеше популарниот подкаст „Удвајање“, како и неговата авторска емисија „X&O’s chat“ на Уна телевизија.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');