Специјализираниот сајт за фудбалски трансфери, „Трансфермаркт“ објави листа од десет играчи, од англиската Премиер лига чии цени најмногу паднаа во текот на минатата сезона.
Листата на „Трансфермаркт“ ја предводат фудбалери на Тотенхем, што е и разбирливо бидејќи клубот во последното коло обезбеди опстанок во Премиер лигата.
Играчот чија пазарна цена најмногу падна е Дејан Кулушевски од Тотенхем. Шведскиот репрезентативец, со македонско потекло, вредеше 35 милиони евра на почетокот на сезоната, сега неговата цена се проценува на 17 милиони евра.
Поради проблем со повредата, Кулушевски речиси и да не играше сезонава, поради што и не доби повик во репрезентацијата за Светското првенство.
На второто место е напаѓачот на Ливерпул, Александер Исак, чија цена падна од 85 милиони на 70.
Третата позиција ја зазеде уште еден играч на Спарс, Мики Ван де Вен, чија цена падна од 50 на 35 милиони.
Ситуацијата е идентична и со фудбалерот на Манчестер Сити, Родри.
Алехандро Гарначо не се снајде добро во Челзи оваа сезона, па неговата цена падна од 28 на 16 милиони евра.
На шестата позиција се најде офанзивниот играч на Арсенал, Букајо Сака, чија цена падна од 110 на 100 милиони.
Седмото место му припадна на Флоријан Вирц од Ливерпул, на осмото е Скот Палмер од Челзи, деветтото на неговиот соиграч Мојсес Каиседо, а десеттото на Рајан Гравенберг од Ливерпул.
Foto/ Depositphotos
Any surprises here from today's Premier League market value update? 🤔 pic.twitter.com/MNUCp3JrDu
— Transfermarkt.co.uk (@TMuk_news) June 3, 2026
