Андреа Кими Антонели победи на најпозната Ф1 трка во светот, Големата награда на Монако. 19-годишниот Италијанец, со победата низ улиците на Монте Карло, урна неколку рекорди. Ја забележа петтата победа во низа и стана најмладиот возач со гренд слем (стартувше од пол-позицијата, водеше од првиот до последниот круг и го извозе најбрзиот круг во трката).
Во трката обележана со откажувањето на фаворитите, излегување на безбедноснотот возичо и рестартот на девет круга до крајот, второто место го освои Луис Хамилтон, а трет беше Исак Хаџар, но прашање е дали ќе ја задржи позицијата, бидејќи возачот на Ред Бул е под истрага. Исто така, трката во Монте Карло е историска за Кадилак, Серхио Перез заврши на 10-то мести и го освои првиот поен во Ф1 за американскиот тим.
Меѓу првите десет беа и: Оскар Пјастри, Лиам Лосон, Арвид Линдблад, Пјер Гасли, Александар Албони Серхио Перез.
Три детали ја обележаа трката. Катастрофата што му се случи на Макс Ферстапен, чии автомобил откажа на стартот, Шарл Леклер, кој откако безбедносното возило се тргна од патеката, заврши во оградата и аматерската грешка на тимот на Мерцедес со Џорџ Расел, поради што Британецот наместо да биде трет, заврши на 14-то место.
Треба да се напомене дека актуелниот шампион и победник од минатата сезона, ландо Норис, поради проблеми со моторот се откажа во 46-от круг.
Антонели води во генералниот пласман во 157 поени, 90 има Луис Хамилтон, а 88 Џорџ Расел.
Foto/ EPA
