Пари Сен Жермен го информирал Реал Мадрид дека Португалците, Жоао Невеш и Витиња не се на продажба, одбивајќи понуда од 150 милиони евра за еден нив двајца.
Но, како што објави шпански „АС“, играч за врска од Португалија би можел да го облече дресот на Реал Мадрид ова лето, ако Перез победи на изборите денес, што е очекувано, и Жозе Мурињо стане тренер.
Матеус Фернандеш од Вест Хем е личен избор на Жозе Мурињо, пишува „АС“, и треба да се очекува дека клубот ќе испрати понуда во Лондон.
Фернандес има 21 година, дебитираше за репрезентацијата на својата земја, но не доби повик од селекторот, Роберто Мартинез за Светското првенство.
Минатото лето му се придружи на Вест Хем од Саутемптон за 44 милиони евра и имаше одлична сезона, и покрај тоа што неговиот тим испадна од Премиер лигата.
Пред тоа, играше за Спортинг од Лисабон, чија фудбалска школа ја помина.
Наводно, Реал е подготвен да плати отштета од 90.000.000 евра, колку што бара Вест Хем.
