За жал, сцените од Европското првенство 2021 се повторија, Кристијан Ериксен повторно колабираше на теренот.
Сè се случи во 65-тата минута од пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина.
Претходно, искусниот Данец имаше кратка расправија со играч на гостинскиот тим.
Недолго потоа, тој почна да се држи за градите. Медицинскиот персонал беше итно повикан да му помогне на 34-годишниот фудбалер.
По неколкуминутен прекин, беше одлучено натпреварот да не продолжи. Данска имаше предност од 2:1.
🚨 Cristian Eriksen has taken ill on the pitch again pic.twitter.com/OQoyxV5MQR
— Goals Xtra (@GoalsXtra) June 7, 2026
За среќа, драмата во Оденсе имаше среќен епилог, по 15 минути загриженост, Ериксен успеа да стане и да сигнализира дека е добро, предизвикувајќи огромно олеснување на трибините. Сепак, натпреварот не продолжи.
Инцидентот ги врати спомените на сцената од 2021 година во Копенхаген, кога еден од најдобрите играчи од средниот ред на Данска на сите времиња се струполи на теренот и беше подложен на итна медицинска интервенција.
Иако подоцна му беше дијагностицирана срцева аномалија, Ериксен доби дозвола да ја продолжи својата професионална кариера и години подоцна успешно играше на највисоко ниво.
Сепак, новата епизода ја загрижи фудбалската јавност и го покрена прашањето за неговото понатамошно играње на најголемата сцена.
Foto/ Depositphotos
