Кога ќе заврши Светското првенство за Франција, ќе заврши и улогата на Дидие Дешан како селектор.
Во 1998 година, Дидие Дешан стана светски шампион како капитен на Франција, а потоа во 2018 година стана третиот човек во историјата кој го достигна врвот на светот и како играч и како тренер. Претходно тоа им успеа на Марио Загало (Бразил) и Франц Бејкенбауер (Германија).
Кога Франција ќе го одигра последниот натпревар на овогодинешното Светско првенство, тоа ќе биде и крај за Дешан, по долги 14 години. Во понеделник вечерта, во пријателски натпревар што Франција го одигра против Северна Ирска во Лил, Дешан ќе ја предводи репрезентацијата за последен пат на домашен терен.
„Можам само да замислам што му беше во главата на Дидие по сите овие години во репрезентацијата. Сите сме луѓе, сочувствуваме, имаме емоции и сè што оди со нив. Селекторот постигна големи работи со репрезентацијата и се надевам дека ќе го добие признанието што го заслужува“, рече Адиен Рабио.
Но, Дешан, кој беше спектакуларно испратен од навивачите по натпреварот против Брегот на Слоновата Коска во Нант, не сака да се стави себеси во преден план.
„Откако се собравме, има многу работи што ги правам за последен пат. Само се обидувам да не размислувам за тоа. Не сум премногу тажен, но нема ни да бидам среќен за сето тоа. Она што ми е важно сега е далеку од мојот личен случај и целата приказна.“
Дешан ја предводеше Франција до светкста титула во 2018 година, до финалето на претходното Светско првенство, како и до финалето на Европското првенство во 2016 и титулата во Лигата на нации во 2021 година.
На Светското првенство, Франција ќе игра во група со Сенегал, Ирак и Норвешка.
Foto/ Depositphotos
