Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, е во последна фаза од преговорите со Катарската кошаркарска асоцијација и ќе стане репрезентативец на таа земја.
Според Харис Ставру од грчкиот „Спорт24“, кошаркарот на Панатинаикос ќе потпише петгодишен договор вреден 30 милиони долари и ќе стане натурализиран играч на репрезентацијата на Катар.
„SDNA“ наведува дека на Нан му е понуден договор вреден 10 милиони долари, но според тој извор, МВП-то на Евролигата за сезоната 2024/25 сè уште не ја прифатил понудата.
Катар има голем број играчи со потекло од други земји, а тие биле „асимилирани“ рано во своите кариери.
Нан би бил централна фигура на таа репрезентација, која ќе биде домаќин на Светското првенство на ФИБА во 2027 година.
Во текот на 2025 година, медиумите објавија дека Нан би можел да игра за Грција, но дека тој го одбил тоа, за потоа се поврзуваше и со Турција, што беше демантирано од тренерот на Панатинаикос и селектор на Турција, Ергин Атаман.
Нан оваа сезона во Евролигата имаше просек од 18,3 поени, 2,7 скока и 3,5 асистенции по натпревар. Тој беше во втората најдобра петорка на Евролигата, а Панатинаикос доживеа сензационална елиминација од Валенсија во четвртфиналето.
„Зелените“ се борат за титулата во грчкото првенство со Олимпијакос. Кој го брани тронот.Олимпијакос води 2-1 во финалната серија, до три победи.
Четвртиот натпревар е закажан за среда во 20 часот.
Foto/ Depositphotos
