Борусија Дортмунд, клубот кој е на лидерското место во германската Бундеслига, се намачи во 1/16 финалето на ДФБ купот, откако им беа потребни продолженија и гол од пенал во 120. минута за да ги победат со 3:2 второлигашите Унион Берлин.
20-годишниот Американец Кристијан Пулишиќ ги донесе „милионерите“ до водство во 40. минута, но клубот од престолнината израмни на 1:1 во 63. минута. Пулишиќ му асистираше на Максимилијан Филип за вториот гол, но упорните гости израмнија. Кога се веруваше дека ќе се шутираат пенали, беше досуден пенал над Пулишиќ, а Марко Ројс беше сигурен од белата точка.
И Шалке за малку ќе беа исфрлени од второлигаш, откако против Келн мораа да играат на пенали (5:6) за пласман во осминафиналето.
ДФБ КУП, 1/16 ФИНАЛЕ
Борусија Дортмунд – Унион Берлин 3:2 по продолженија
Келн – Шалке 1:1, 5:6 на пенали
Ханза Рошток – Нирнберг 2:2, 2:4 на пенали
Вајхе – Вердер Бремен 1:5
Фото: ЕПА