Top Sport

Солари стартуваше со кралска победа на Реал во Африка (видео)

Сантијаго Солари ја стартуваше својата кариера како главен тренер на Реал Мадрид со лесна 4:0 победа над третолигашот Мелилја во првиот меч од четвртото коло во Копа дел Реј, на гости во Африка, кај малата шпанска колонија на брегот на Мароко.

Солари, кој е „привремено“ решение на „кралевите“ по отказот за Хулен Лопетеги, немаше вистински тест против клубот кој настапува во Сегунда Б и тимот обезбеди убедлива победа пред реваншот за мало кревање на моралот на „Сантијаго Бернабеу“.

Карим Бензема во 28. минута, Марко Асенсио на крајот на првото полувреме и Алваро Одриозола на 11 минути пред крајот се запишаа во листата на стрелците, пред младиот Кристо Гонзалез да ги постави конечните 0:4 во 92. минута.

Фото: ЕПА

Scroll to Top