Фудбалскиот клуб Вардар, поплладнево ќе го дознае името на противникот во првото претквалификациско коло, за пласман во Лигата на шампионите.
Ждрепката започнува во 16 часот, а вкупно 28 клуба учествуваат во првото прелиминарно коло, кои се поделени во две групи со по 14 екипи. Во секоја група има седум носители и седум неносители. Вардар не е меѓу привилегираните екипи.
Во групата на не носители заедно со Вардар се: Интер Клуб (Андора), Арарат (Ерменија), Шабах (Азербејџан), ФК Ибериа Тбилиси (Грузија), Флоријана (Малта), Тр Фиори (Сан Марино).
Носители се Шамрок (Ирска), Купс (Финска), Линколн (Гибралтар), Рига (Летонија), Флора (Естонија), Ларн (Северна Ирска) и ТНС (Велес).
Првите натпревари ќе се одиграат на 6/7 јули, додека реваншите се на 14/15 јули.
Foto/ ffm.mk
