Серена и Венус Вилијамс добија специјална покана од организаторите на Вимблдон да настапат на овогодинешниот турнир во двојки.
Серена Вилијамс, која има 44 години, неодамна се врати на натпреварувањата по речиси четиригодишна пауза, додека нејзината постара сестра Венус сè уште повремено се натпреварува на професионално ниво. Венус полни 46 години во среда.
Сестрите Вилијамс заедно освоија 14 Гренд слем титули во двојки, вклучувајќи шест трофеи на Вимблдон.
Тие го освоија Лондонскиот Гренд слем за прв пат во 2000 година, додека последната титула на трева ја освоија во 2016 година.
Back together, at Wimbledon 💚💜
Serena and Venus Williams will compete in the Ladies’ Doubles at The Championships 2026 pic.twitter.com/xrOV0yeBCJ
— Wimbledon (@Wimbledon) June 16, 2026
Минатата недела на турнирот „Квинс“ во Лондон, Серена победи во двојки заедно со Викторија Мбоко, што беше нејзин прв официјален натпревар по долго отсуство од теренот.
Последниот пат кога Серена и Венус играа заедно во двојки беше на Отвореното првенство на САД во 2022 година, кога беа поразени во првото коло.
Тоа беше нивниот прв заеднички настап по пауза од четири и пол години.
На турнирот во Квинс, Серена и Викторија Мбоко го поминаа првото коло, но подоцна мораа да се откажат поради повреда на коленото на младата Канаѓанка.
Foto/ Depositphotos
