Top Sport

Лампард убаво пречекан кај Челси, и испратен дома со пораз (видео)

Френк Лампард  доби аплаузи и овации на „Стемфорд бриџ“, но Челси немаше милост кон неговиот Дерби каунти совладувајќи ги со 3:2 во осминафиналето на англискиот Лига куп по едно фуриозно прво полувреме.

Лампард, кој одигра 604 натпревари за „сините“ освојувајќи три титули од Премиер лигата и една од Лигата на шампионите, од оваа сезона е тренер на второлигашот Дерби, со кои амбицијата е веќе оваа сезона да се влезе во Премиер лигата. Дерби во претходното коло ги елиминираа Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, но немаа сили за уште еден подвиг.

Сите пет гола паднаа во интересното прво полувреме во кое Дерби си постигна два автогола. Мечот започна со автогол на Томори во петтата минута за водство на Челси, пред Мериот да направи изненадување само четири минути подоцна и да израмни на 1:1. Во 21. минута, нов малер – Кеог си постигна автогол, но Дерби повторно се врати сасмо шест минути подоцна за ново израмнување. Лудото прво полувреме го заврши Фабрегас со гол во 41. минута од мечот.

Во четврт-финалето се и Арсенал, откако со 2:1 го совладаа Блекпул, како и нивните лути ривали Тотенхем, по 3:1 победата над Вест хем.

ЕФЛ ЛИГА КУП, 1/8 ФИНАЛЕ

Арсенал – Блекпул 2:1

Челси – Дерби 3:2

Вест Хем – Тотенхем 1:3

Scroll to Top