Вуко Борозан поради суспензија ќе го пропушти претстојниот натпревар на Вардар во Лигата на шампионите, против Мешков Брест.
Борозан доби црвен картон во минатото коло, кога Вардар гостуваше во Кјелце. Црногорецот, против полскиот првак „поцрвене“ уште во првиот дел. Поради тоа од ЕХФ решија да го казнат со еден натпревар не играње за својот тим.
Казна од ЕХФ доби и Тимур Дибиров. Рускиот репрезентативец поради покажување на среден прст е казнет парично со 3.000 евра.
Вардар ќе го пречека Мешков Брест во рамките на петтото коло во А-групата, в сабота од 17:30 часот. На овој меч за Вардар треба да дебитира Германецот Кристијан Дисингер.