Top Sport

Турција постави неславен рекорд на Светското првенство: 62 шута без постигнат гол

Фудбалската репрезентација на Турција постави нов неславен рекорд на Светското првенство 2026, откако не постигна ниту еден гол и покрај тоа што упати 62 шута кон противничкиот гол во првите два натпревара, покажуваат податоците на статистичкиот сервис „Опта“.

„Турските фудбалери упатија вкупно 62 шута кон голот, што е најголем број неуспешни обиди во два натпревара од почетокот на водењето на статистиката во 1966 година“, наведува „Опта“.

Турскиот дефанзивец Абдулкерим Бардакџи, пак, постави рекорд на Светските првенства според бројот на успешни додавања без ниту една грешка на еден натпревар, откако реализираше 98 прецизни пасови.

Турција ги загуби шансите за пласман во нокаут-фазата по поразите од Австралија со 2:0 и од Парагвај со 1:0 во првите два натпревара од групната фаза.

Парагвај ја совлада Турција со 1:0 во натпреварот од групата Д, иако голем дел од средбата го одигра со фудбалер помалку.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');