Top Sport

Малага се врати во Ла Лига

Фудбалерите на Малага се вратија во елитниот ранг на шпанскиот фудбал, откако ја победија Алмерија во плејофот на ЛаЛига 2 по два натпревари со вкупен резултат од 2:1.

Првиот натпревар во Малага заврши без голови, а во реваншот сино-белите славеа како гости со 1:2 (0:0).

Поради големите немири што му претходеа на натпреварот, почетокот беше одложен за 30 минути.

Одлуката за победникот беше донесена во второто полувреме.

Гостите поведоа со голот на Чупете во 65-та минута, а предноста на Малага ја зголеми Ларуби со фантастичен гол шест минути подоцна.

Алмерија ја преполови негативата со голот на Лео Баптистао во 76-та минута, но не можеше да избегне пораз. Дуелот заврши во многу напната атмосфера, што резултираше со два црвени картони.

Во четвртата минута од судиското продолжение, Алмерија остана со играч помалку бидејќи Талис доби директен црвен картон груб старт. Потоа, Малага остана со десет играчи пет минути подоцна, кога Арон Очоа доби втор жолт картон поради прекршок.
Претходно пласман во Ла Лига изборија Расинг Сантандер и Депортиво Ла Коруња.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');