Top Sport

Гризман кариерата ќе ја заврши во Америка

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, рекол дека му се допаѓа како функционира спортот во САД. Францускиот репрезентативец, во интервју за „ЕСПН“, не го криел дека е воодушевен од американскиот спорт.

„Сакам да играм во МСЛ. Би сакал кариерата да ја завршам таму. Луѓето во Америка на работите гледаат на поинаков начин. Ја сак НБА, целото шоу што владее таму, ми се допаѓа и НФЛ. Ја сакам целата земја, бидејќи никој не ме препознава кога сум таму“, рекол меѓу другото светскиот првак со Франција.

Гризман има 27 години, а летово го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до јуни 2023 година.

Scroll to Top