Пјеро Инкапије го почувствува на своја кожа новото правило што ФИФА го воведе пред Светското првенство.
Мексико го победи Еквадор со 2-0 и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство благодарение на головите на Хулијан Кињонес и Раул Хименез.
Кога натпреварот веќе беше решен, еквадорскиот дефанзивец Хинкапије доби директен црвен картон во 94-та минута.
Тој си ја покри устата со раката за време на расправија со противничкиот играч Хименез, а судијата, Словенецот Славко Винчиќ, го примени новото правило на ФИФА и го исклучи откако претходно ја прегледа снимката.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: It was a clear RED CARD for Hincapié!
HE COMPLETELY IGNORED THE NEW RULES! pic.twitter.com/K7J7sPbqHm
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) July 1, 2026
Директен црвен картон за покривање на устата е ново правило воведено од ФИФА пред ова Светско првенство. Првиот што беше исклучен на Мундијалот, беше Мигел Алмирон од Парагвај во второто коло.
Foto/ EPA
