Белгија со волшебен пресврт, по продолженијата го победи Сенегал со 3:2 и се пласира во осминафиналето на Светското првенство. Апсолутен херој на Белгија е капитенот Јури Тилеманс, го изедначи резултатот во 89-та минута, во 119-та избори пенал, го реализираше шест минути подоцна.
Сенегал долго ќе жали за пропуштената шанса да мине во осминафиналето. Имаа се во свои раце. Предност од 2:0 со головите на Дијара во 25-та и Исмаила Сар во 51-та минута.
Вториот гол е вистинско ремек дело. Додавање од 40 метри на Дијата за Сар, играчот на Кристал Палас на гради ја прими топката, а потоа неодбранливо биеше во голот. Куртоа немаше шанси да одбрани.
Белгискиот селектор се обиде со промени да го смени ритамот на натпреварот, меѓутоа неговите играчи делуваа анемично на теренот.
И потоа од никаде, најпвин Лукаку намали на 2:1 во 86-та, а Тилеманс погоди со глава во претпоследната минута, по киксот на голманот на Сенегал, Дио.
Во продолженијата повторно Сенегал беше поактивен, Белгија не направи ништо, се до 119-та минута, кога Камара беше невнимателен во дуелот со Тилеманс, минималниот контакт беше доволен судијата Мартинез, по гледањето на снимката да покаже на белата точка.
Тилеманс го испрати Дио на едната, топката на другата страна и ја однесе Белгија во следната рунда, каде на 6 јули ќе игра со победникот од натпреварот меѓу САД и БиХ.
Foto/ EPA
