Милан, синоќа беше на големи маки, но успеа да слави победа над Џенова. Алесио Ромањоли постигна гол за победа на Милан (2:1) во 91.минута од натпреварот.
Милан ги освои бодовите и успеа да постави рекорд што не е забележан во 118-годишната историја на клубот. Оваа генерација и тренерот Џенаро Гатузо нема по добро да ги памети историјата, бидејќи Милан прв пат во историјата примил најмалку по еден гол во првите десет натпревари во првенството. Претходниот негативен клупски рекорд бил поставен во минатиот век, во сезоната 1932/1933.
Во досегашниот тек од сезоната Милан играч против Наполи (2:3), Рома (2:1), Каљари (1:1), Аталанта (2:2), Емполи (1:1), Сасуоло (4:1), Киево (3:1), Интер (0:1), Сампдорија (3:2) и Џенова (2:1).
Последен пат во сезоната играчите на Милан не му дозволиле на противникот да постигне гол на 15.април 2018 година. Во минатото првенство на овој датум Милан одиграл 0:0 против Наполи.
Оваа сезона, во Серија А и Лига Европа, Милан не примил гол само на натпреварот против Дуделанж (1:0).