Top Sport

Македонија ја декласира Ирска, го обезбеди првото место во А групата

Македонската сениорска репрезентација успешно ја привршува првата фаза од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година.

Со убедливата победа над Ирска, остварена вечерва во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ја забележаа петтата победа во низа и го потврдија првото место во А групата. Македонија ја победи Ирска со 77:56

Подмладениот национален тим уште еднаш покажа карактер, енергија и квалитет, одигрувајќи сигурен натпревар во кој заслужено стигна до нов триумф.

Неизвесност имаше само во воведните минути, кога Ирска успеваше да одржи резултатски приклучок. Сепак, Македонија силно ја заврши првата четвртина, првпат создаде посериозна предност, а во продолжението ја презеде целосната контрола на играта. Андреј Јакимовски беше најекспониран со 19 поени и 13 скока, Ефремовски постигна 12 поени, додека капитенот Војдан Стојановски запиша 10 поени и 5 скока.

Македонија последниот натпревар од групата ќе го одигра в недела, 5 јули, на гостински терен против Луксембург.

Средбата ќе има ревијален карактер, бидејќи нашиот национален тим веќе го обезбеди првото место и пласманот во следната квалификациска фаза.

Вториот дел од квалификацискиот пат кон Евробаскет 2029 започнува кон крајот на август, а претходно ќе биде одржана и ждрепката за новата рунда, во која ќе бидат формирани четири групи со по три репрезентации.

Foto/ mkd.basketball

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');