Top Sport

Нагелсман доби отказ

Јулијан Нагелсман (38) повеќе не е селекторот на Германија. Младиот тренер доби отказ по неуспехот на Светското првенство.

Нагелсман ја доби работата во летото 2023 година за да ја прекине низата дебакли на Германија или во најдобар случај неуспеси на големите натпреварувања, но тој само делумно успеа на Европското првенство пред две години. Тогаш, во четвртфиналето, беше елиминиран од Шпанија, која подоцна стана европски шампион.

Тековното Светско првенство требаше да го означи враќањето на Германија со врвни резултати, откако на последните две Светски првенства, Гермнците не успеваа да ја минат групата.

На овој Мундијал, Нагелсман успеа да излезе од групата, но се сопна на првата пречка.

Германија ги победи Курасао (7:1) и Брегот на Слоновата Коска (2:1) во групата, по што загуби од Еквадор (1:2). Следеше натпреварот од првата нокаут рунда против Парагвај. По 1:1, Германија загуби на пенали со 3:4.

Ова предизвика негодување кај навивачите и јавноста, а беа упатени и повици Нагелсман да се повлече. Тој одби, но сега доби отказ. Нагелсман ја водеше Германија 37 натпревари. Има 23 победи, 6 нерешени и 8 порази, со гол-разлика од 90:43.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');