Фудбалерите на Вардар со пораз ја започнаа европската сезона. Во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите, Вардар загуби во Скопје од шампионот на Финска, КуПС со 0:2 (0:1).
Вардар во првиот официјален меч, во новата сезона, не успеа да им се спротивстави на Финците, чија сезона започна во април. Видливо беше дека КуПС е во натпреварувачки ритам, што го покажа и крајниот резултат.
Финците мечот го решија со по еден гол во финишот на првото и почетокот на второто полувреме. Во 45-та минута погоди Магаса, а во 49-та Армах.
Вардар мечот го заврши со десетмина. Босанчиќ на теренот влезе во 62-та минута, излезе во 74-та, бидејќи успеа да добие два жолти картони.
Ревашот во Финска на програмата е за една недела.
Foto/ ffm.mk
