Кристијан Бобо Виери влезе во лут напад на новата генерација на напаѓачи, велејќи дека тие се повеќе заинтересирани за своите Инстаграм профили отколку да станат подобри фудбалери.
Поранешната ѕвезда на Интер, Јувентус, Атлетико Мадрид, Лацио и Милан, постигна над 200 голови во 1990-тите и раните 2000-тите, и иако самиот е познат како љубител на „убавите“ работи во животот (тој беше сопственик на ресторани, модни линии и беше диџеј), вели дека сегашната генерација не работи напорно.
„Сега, потребен ти е само добар Инстаграм да си напаѓач. Не морате да постигнувате 30 голови. Не морате да давате голови секоја недела. Претходно, ако не дадевте гол, се враќаш дома и следниот ден размислуваш за грешките. Сега тоа го нема. Нашата генерација беше болна по голови“, вели Виери.
Ветеранот, кој играше за 15 клуба и 49 пати настапи во италијанската репрезентација, вели дека нема споредба со сегашниот капитен на Интер, Мауро Икарди.
„Икарди? Не, ние сме целосно различни. Јас сакав тепачка со сите. Постигнав 140 голови во Серија А и се сеќавам речиси на сите, дури и на шансите кои ги утнав. Сега, тренирам поинаку, за да бидам подобар диџеј. Имам покани од целиот свет“, вели Виери, кој има 1.9 милиони следбеници на Инстаграм.