Top Sport

Хабиб не планира да оди на „сослушување“: Ја бранев честа и религијата

Хабиб Нурмагомедов најави дека не планира да присуствува на дисциплинското сослушување на Спортската комисија на Невада (НСАЦ) на 10 декември, што на крајот може да го чини многу скапо.

Нурмагомедов треба да добие казна од страна на НСАЦ за хаосот кој предизвика по победата над Конор Мекгрегор на УФЦ 229 на 6 октомври, а доколку не се појави можно е веќе никогаш да не може да се бори во Лас Вегас, ниту во рингот, ниту во октагонот. Дагестанецот вели дека не планира да оди на ова „судење“.

„Тие веќе имаа состанок и ништо не одлучија. Сакаат да дојдам таму, но јас не сум виновен и нека судат на тој кој што е. Јас само го завршив тоа што беше почнато пред мечот. Јас ја бранев честа, семејството и религијата и нема да одам таму. Нека ми ги земат сите пари и нека ме исфрлат на 10 години. Мечот го добив според правилата, а потоа ја завршив работата. Нека прават што сакаат“, вели Нурмагомедов.

Scroll to Top