Јаник Синер ја одбрани титулата на најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон. Во финалето, по речиси четири часа игра, Синер го победи Алкесандар Зверев со 3:1 (6:7, 7:6, 6:3, 6:4).
Јаник Синер втор пат по ред го освои Вимблдон, вкупно ја освои петата Гренд слем титула. Зверев остана една, онаа што ја освои пред еден месец на Ролан Гарос.
Финалниот меч донесе брилијантен тенис, особено во првите два сета, кога тенисерите го чуваа својот сервис. Само една брејк топка беше видена за речиси два часа игра, неа не ја искористи Синер.
По два тај брејка резултатото беше изедначен 1:1. Се чини дека клучниот гем во мечот беше шестиот во третиот сет, кога Синер му го одзеде сервисот на Зверев, а потоа чесно со 6:3 го заклучи сетот.
Во четвртиот Зверев прв стигна до брејк шанса, откако не ја искористи, Синер возврати со брејк во седмиот гем и тука бепе крајот на надежите на Зверев дека може да слави во овој дуел.
Foto/ EPA
