Откако Луис Хамилтон ја освои својата петта титула во Формула 1, Фернандо Алонсо и Макс Ферстапен посочија дека било кој од најдобрите возачи ќе стигнеше до титулата со болид како тој на Мерцедес.
Алонсо, кој заминува од Ф1 на крајот на кариерата, ја поминува својата петта сезона во Мекларен, борејќи се со ужасно лошиот болид на еднаш славниот тим, но Хамилтон вели дека самиот е виновен за тоа.
„Да, сигурно, тој можеше да освои повеќе титули, но не е дека немаше шанси. Многупати треба да ги донесеш вистинските одлуки надвор од боксот. Ако мислите како Алонсо, дека го контролирате пазарот и ќе бирате каде ќе одите, не е чудно да останете со празни раце. Ако се сеќавате, кога тој се откажа од Ферари, на пазарот бевме и јас и Фетел. Ферари се решија за Себ, и Алонсо не го доби неговото место во Ред бул. Сепак, имам огромна почит кон него, бидејќи е феноменален возач и мислам дека репутацијата не му е нарушена. Сепак, јас не жалам што тој немаше шампионски болид“, вели Хамилтон.
Од друга страна, кога Хамилтон во 2013 година реши да си замине од Мекларен и да се приклучи на Мерцедес, многумина сметаа дека тоа е погрешна одлука, посебно бидејќи „Сребрената стрела“ тогаш беше тим од средината.
„Не сметам дека имав среќа што завршив во Мерцедес. Пред да потпишам си ја завршив домашната работа и се сретнав со многу луѓе од различни тимови. Го прашав Рос Браун, како Мерцедес планираат да станат подобри со 400 вработени, кога Мекларен има 800. Одговорите кои ми ги даде ме убедија да потпишам“, додава Хамилтон.
Фото: ЕПА
Ферстапен: И јас, Фетел и Рикардо ќе бевме шампиони со болидот на Хамилтон