Top Sport

Реми за Селта со Сосиедад, Севилја не може да победи третолигаш

На денешната програма од Купот на кралот на Шпанија се најде прволигашкиот натпревар меѓу Селта Виго и Реал Сосиедад. Заврши 1:1.

Домаќините поведоа со голот на репрезентативецот Аспас на средината на вториот дел, а на минута пред крајот Хуанми израмни за конечни 1:1.

Екипата на Севилја, пак, се посрамоти откако не успеа да посигне погодок кај третолигашот Вилановенсе (0-0).

https://www.youtube.com/watch?v=o2z1nfMN-3Q

Scroll to Top