Top Sport

Уапсен легендарниот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ

Поранешниот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ беше уапсен во заедничка акција на локалната полиција и Дирекцијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК).

Шимиќ беше уапсен заедно со Неда Ливљаниќ, поранешна директорка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотно-правни работи на Државната управа на Шибенско-книнската жупанија.

Се сомнева дека Шимиќ нелегално ги добил потребните дозволи за кампот во Тисно преку Ливљаниќ. „Јутарњи лист“ додава дека Ливљаниќ веќе бил приведена по слично обвинение.

Шимиќ е поранешен член на хрватската репрезентација, за која имаше 100 настапи во периодот од 1996 до 2008 година. Тој беше дел од националниот тим кој беше трет во светот на Светското првенство во 1998 година.

Во текот на својата кариера ги бранеше боите на Динамо, Интер, Милан и Монако. Со „росонерите“ двапати го крена трофејот од Лигата на шампионите.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');