Top Sport

Аргентинците „умреа“ од смеа откако ги пронајдоа напишаните инструкции на Пикфорд

По спектакуларниот пресврт против Англија и победата од 2:1, Аргентина се пласира во второто последователно финале на Светското првенство.

По зџавршувањето на натпреварот во Атланта, еден необичен детаљ привлече внимание.

Додека ја славеа победата, играчите на Аргентина го пронајдоа шишето на Џордан Пикфорд, на кое голманот залепил белешки за потенцијално изведување на пенали.

Снимките од ESPN го покажуваат Нико Гонзалез како му ги покажува на Лионел Меси упатствата што голманот на Англија ги имал за аргентинските изведувачи.

Реакцијата на Меси стана веднаш хит, бидејќи капитенот на Аргентина практично сè кажа со поглед.

Пикфорд имаше упатства за различни играчи на Аргентина. На пример, за Меси беше напишано дека, иако е левак, голманот треба да се фрли на десната страна.

Интересно е што имаше белешки дури и за Херонимо Руљи, резервниот голман на Аргентина.

Нико Гонзалез:
„Види што најдов. Има белешки за Лаутаро, Хулијан…

Член на стручниот штаб:
„Да, еве ги сите играчи“.

Лионел Меси:
„Што? И што значат овие белешки“?

Член на стручниот штаб:
„Сенеси, прочитај го… Зборуваш англиски“.

Маркос Сенеси:
„Тука пишува каде треба да се фрла голманот“.

Лионел Меси:
„Мислиш на голманот? Пикфорд“?

Маркос Сенеси:
„Да. За тебе, Лео, пишува дека се преправаш дека ќе шутираш лево, а потоа ќе шутираш десно“.

Лионел Меси:
„Значи, голманот многу добро проучил како изведувам пенали“.

Подоцна, се огласи и фитнес тренерот на Аргентина, Луис Мартин, објавувајќи фотографија од шишето на Инстаграм со пораката:

„Штета што немавме исти планови, човече“.

Аргентина избегна пенали, на крајот ја победи Англија и закажа големо финале против Шпанија во Њу Џерси.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');