Top Sport

Реал ќе го сруши светскиот рекорд – Подготвиле понуда за Олисе

По завршувањето на Светското првенство ќе се случи најголемиот трансфер во историјата на фудбалот. Реал Мадрид е подготвен да потпише договор со францускиот репрезентативец од Баерн Минхен, Мајкл Олисе.

Според информациите од Шпанија, прашањето не е дали, туку кога ќе боде реализиран трансферот.

„Мајкл Олисе сака веднаш да се приклучи на Реал Мадрид. Официјалниот став на Баерн е дека тој нема цена, но сите знаат дека вистината е поинаква. Баерн веќе почна да бара замени за него. Олисе потврдно одговорил на понудата од Мадрид. Тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата“, велат извори блиски до кралскиот клуб.

Наскоро се очекува официјална понуда. Се претпоставува дека Флорентино Перез ќе му понуди на Баерн милион евра повеќе од моменталниот рекорд што го држи Нејмар, за кого ПСЖ ѝ плати на Барселона 222 милиони евра во летото 2017 година.

Олисе ги помина претходните две години во Баерн. Тој пристигна од Кристал Палас за 53 милиони евра. Се покажа како одличен трансфер.

Во текот на две години во Минхен, Французинот одигра 107 натпревари со учинок од 42 гола и 54 асистенции.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');