Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Џовани Малаго, откри дека Роберто Манчини наскоро треба да стане селектор на „Аѕурите“.
По „не“-то за Андреа Пирло и оставките на Паоло Малдини и Леонардо, во вторник се одржа итен состанок на Сојузот.
„Разговарав со Роберто Манчини за тоа да стане нов селектор. Чекаме негов потпис“, рече Малаго.
Манчини веќе еднаш беше селектор, во периодот од 2018 до 2023 година, кога замина и набрзо ја презеде репрезентацијата на Саудиска Арабија. Со „Аѕурите“ го освои Европското првенство во 2023 година.
Со оваа селекција, тој не учествуваше на СП во Катар 2022, а има и две трети места во Лигата на нации, во 2021 и 2023 година.
По Саудиска Арабија, го тренираше катарски Ал-Сад, кој го напушти неодамна.
Манчини е тренер две и пол децении. Тој ги водеше Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај, повторно Интер, Зенит.
Foto/ Depositphotos
