Top Sport

Ултиматум на Реал до Винисиус: Потпиши или ќе бидеш продаден

Реал Мадрид и Винисиус Жуниор стигнаа до точка што лесно може да биде почеток на крајот за Бразилецот во „Кралскиот клуб“.

Раководството на Реал, како што објави „Марка“, му достави ултиматум на Бразилецот: продолжување на договорот под условите што ги диктира клубот или разделба до крајот на преодниот рок.

И покрај ултиматумот што обично предизвикува негативни чувства од другата страна, клупските челници испратија јасни сигнали до Винисиус дека сè уште го сакаат во тимот.

„Случајот со продолжувањето на соработката на Винисиус е сè друго освен едноставен“, пишува „Марка“.

Понудата на Реал е дефинитивна и нема шанса да се најде компромис, па сега топката е префрлена на страната на Винисиус и неговите менаџери.

Претставниците на Реал ги информираа агентите на играчот дека нема да има нова понуда или нова рунда преговори. Како што објавија шпанските медиуми, Реал сака што поскоро да ја заврши неизвесноста што владее со месеци во врска со иднината на играчот.

Управата не сака Бразилецот да влезе во последната година од договорот, што би можело да го зголеми ризикот од негово заминување без финансиска корист за тимот во блиска иднина.

Во текстот на „Марка“ се додава дека најновите случувања во самиот тим би можеле да влијаат и на исходот од преговорите. Се очекува дека сè поизвесното доаѓање на Диоманде, ќе му даде на Мурињо неколку опции во офанзивната линија на тимот.

Оттука, понатаму во текстот се наведува, сè додека не се реши прашањето за договорот, не се исклучува ниту можноста Винисиус да има ограничена минутажа.

Веста за ултиматумот на Реал доаѓа кратко откако беше откриено дека Арсенал внимателно го следи случајот и размислува да достави формална понуда за Винисиус.

Бразилецот е во Реал од летото 2018 година, кога пристигна од Фламенго.

Оттогаш, тој одигра 375 натпревари, постигна 128 гола и забележа 100 асистенции во сите натпреварувања.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');