Top Sport

Сагата за Диоманде продолжува

Сагата околу трансферот на Јан Диоманде во Реал продолжува. РБ Лајпциг сè уште не е подготвен да одговори на најновата понуда на Реал, и како последица на тоа, Реал Мадрид нема контрапонуда на која може да одговори, објавува германски „Скај Спорт“.

Според овој извор, но и според инсајдерот Флоријан Плетенбург, договор меѓу клубовите околу трансферот на крилниот напаѓач се уште нема.

Да ве потсетиме, Јан Диоманде не беше ниту на клупата на РБ Лајпциг, вчера за подготвителен натпревар, надевајќи се дека клубот ќе го аминува неговиот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Диоманде чека конечно зелено светло од Лајпциг за да отпатува на лекарски преглед и да потпише договор со Реал. Германците веќе ја одбија првата понуда на Реал, која беше фиксна од 90 милиони евра, со дополнителни 10 милиони евра бонуси. Лајпциг инсистира на отштета од 130 милиони евра, при што поголемиот дел од износот мора да биде фиксен и да не е поврзан со бонуси.

Лајпциг го донесе Диоманде од Леганес минатото лето за 20 милиони евра, а тој во својата дебитантска сезона, одигра 36 натпревари, постигна 13 гола и имаше девет асистенции. Договорот со германскиот клуб го обврзува до 2030 година. Само во Бундеслигата, тој постигна 12 гола и имаше девет асистенции во 33 настапи.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');