Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус го потврди трансферот на францускиот напаѓач Рандал Коло Муани (27) од ПСЖ.
Клубот и фудбалерот договорија соработка до летото 2031 година. Вредноста на трансферот е 38 милиони евра, како фиксна сума, а ПСЖ доколку се остварат бонусите дополнително може да заработи уште 12 милиони евра.
Актуелниот европски првак пред три години за трансферот на Коло Муани од Ајнтрахт издвои 95 милиони евра.
Коло Муани се враќа во клубот каде што го помина вториот дел од сезоната 2024/2025 година.
Тогаш постигна 10 гола во 22 настапи за Јувентус. Минатата сезона ја помина на позајмица од ПСЖ во Тотенхем.
9️⃣⚪️⚫️ pic.twitter.com/Xsn9XurVFK
— JuventusFC (@juventusfc) August 2, 2026
Foto/ Depositphotos
